Радиото Вистински живот во Бога (Радио ВЖВБ, TLIG Radio) за прв емитуваше програма преку интернет во јули 2004 година. Тоа е непрофитно Христијанско радио, поддржано само од страна на волонтери, а неговата мисија е емитување на пророчките пораки за Вистинскиот живот во Бога (True Life in God) кои Васула Руден (Vassula Ryden) ги прима од Бога од 1985 година.

На 23. јануари 1987. година, Господ зборува: „Јас сум Господ Исус Христос, Добриот Пастир, кој бдее над Своето стадо; Јас доаѓам да ти го покажам патот назад; Јас доаѓам да блеснам врз тебе и да ти дадам надеж; Васула, точно е, те проценив уште пред да се родиш; те одбрав да Ми бидеш гласничка, откривајќи ја Мојата Порака на целото човештво; “

Васула вели за Пораките: „Овие вдахновени Пораки ги учат читателите да Го запознаат Бога и да Го разберат. Многу луѓе веруваат во Бога, но не Го познаваат Бога, па затоа Пораките нѐ охрабруваат да воспоставиме интимен однос со Бога, што нѐ води до живот на соединување со Него. Така на верниот кој преку Светиот Дух е соединет во Христа му се нуди да се живее еден и ист живот, Христов живот. “

Радиото ВЖВБ емитува програма на 19 јазици, а дел од нашиот сервис е да им се даде дозвола и на други радио станици (јавни, локални, христијански или не-христијански) за реемитување на нашите програми, по претходен договор. Тоа е дел од нашата мисија за ширење на Божествените пораки од Вистинскиот живот во Бога низ целиот свет преку други станици.